Matthew 2:1-4

А кога се роди Исус во Витлеем Јудејски, во времето кога царуваше Ирод, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од исток и рекоа: „Каде е новородениот Јудејски Цар? Ја видовме Неговата ѕвезда на исток, па дојдовме да Му се поклониме.“ Штом го чу тоа, царот Ирод се вознемири и цел Ерусалим со него. И кога ги собра сите првосвештеници и книжници од народот, ги праша: „Каде треба да се роди Христос?“
Матеј 2:1-4