Matthew 1:21-25

Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“ А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господ преку пророкот, кој вели: „И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“ Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше заповедал ангелот Господов и ја зеде својата жена. И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот Син и Го нарече Исус.
Матеј 1:21-25