И ги изведе надвор до Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови. И додека ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото; тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост. И беа постојано во храмот, каде што Го прославуваа и благословуваа Бога.