Luke 1:46-55

И рече Марија: „Мојата душа Го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, зашто ја погледа смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме нарекуваат блажена сите поколенија; зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име; и милоста Негова е од колено на колено за оние што се бојат од Него. Тој покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние што се возгордеаја со мислите во срцата свои; ги симна силните од престоли и ги воздигна понижените; гладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни; го прифати Израел, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста, како што им зборуваше на татковците наши, на Авраам и на семето негово довека.“
Лука 1:46-55