Jude 1:20-25

А вие, возљубени, изградувајќи се во пресветата ваша вера и молејќи се преку Светиот Дух, запазете се во љубовта Божја, очекувајќи милост од нашиот Господ Исус Христос, за вечен живот. И така разликувајќи ги, едни милувајте, а други со страв спасувајте, истргнувајќи ги од оган и изобличувајќи ги со страв, и гнасејќи се од облеката, испоганета од телото. А на Оној, Кој може да ве запази да останете безгрешни и без порок, и да ве постави пред славата Своја во радост – на Единиот премудар Бог, нашиот Спасител преку Исус Христос, нашиот Господ, слава и величие, сила и власт преку сите векови, сега и во сите времиња. Амин!
Јуда 1:20-25