Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Joel 2:1-17

Јоил 2:1-17 - Трубете со труби на Сион и викајте на Мојата света гора; нека трепе­рат сите жители земни, зашто доаѓа денот Господов, близу е денот на темнина и мрак, денот об­лачен и црн: како зората се шири по горите многуброен народ и силен каков што немало од векот и каков што не ќе има потоа од род во род. Пред него оган ќе голта, а зад него пламен ќе пали; пред него е земјата како Едемска градина, а зад него земјата ќе биде опустошена како пустина, и за никого нема да има спас. Изгледаат како коњи, галопираат како коњаници, скокаат преку горските врвови како со тропот од коли, како шум од огнен пламен, кој гори слама – како силен народ построен за борба. Штом ќе се појави, ќе затреперат народите; лицата на сите ќе им побледат. Како борци ќе трчаат и како храбри борци ќе се искачуваат по карпите, и секој ќе си оди по својот пат и нема да отстапува од патот свој. И нема да се притискаат еден со друг, туку секој се држи до својот пат; незапирливо се пробиваат меѓу стрелите. Ќе навалат на градот, ќе се иска­чуваат по ѕидовите, ќе влегуваат во ку­ќите, ќе влегуваат и низ прозорците ка­ко крадци. Пред нив ќе се потресе земјата, ќе се расклати небото, сонцето и месе­чината ќе потемнат, а и ѕвездите ќе ја изгубат светлината своја. И Господ ќе го пушти гласот Свој пред Својата војска, зашто силата воинствена Негова е многу голема, и многу­бројни се оние што ќе ја извршуваат волјата Негова; зашто голем е денот Господов и многу е страшен, и кој ќе истрпи?

Но и уште сега вели Господ: вра­тете се кај Мене од сѐ срце со пост, плач и ридание. Раскинете ги срцата свои, а не обле­ката и вратете се кај Господ вашиот Бог: зашто Тој е благ и милосрден, долготрпелив и многумилостив и сожалува кога казнува. Кој знае дали нема да се смили и дали ќе остави благослов: лебен принос и прелив за Господ, вашиот Бог? Затрубете со труба на Сион, наредете пост и објавете свечен собир. Соберете го народот, свикајте со­бир, поканете ги и старешините, собе­рете ги децата и доенчињата; нека изле­зе младоженецот од свадбената соба и невестата од својата одаја. Меѓу тремот и жртвеникот нека плачат свештениците, служителите на Господ и нека молат: „Смилувај се, Гос­поди, над народот Свој, не предавај го наследството Свое на срам, та да не се подигруваат со него народите! Зошто меѓу нив да се зборува – каде е нивниот Бог?“

Трубете со труби на Сион и викајте на Мојата света гора; нека трепе­рат сите жители земни, зашто доаѓа денот Господов, близу е денот на темнина и мрак, денот об­лачен и црн: како зората се шири по горите многуброен народ и силен каков што немало од векот и каков што не ќе има потоа од род во род. Пред него оган ќе голта, а зад него пламен ќе пали; пред него е земјата како Едемска градина, а зад него земјата ќе биде опустошена како пустина, и за никого нема да има спас. Изгледаат како коњи, галопираат како коњаници, скокаат преку горските врвови како со тропот од коли, како шум од огнен пламен, кој гори слама – како силен народ построен за борба. Штом ќе се појави, ќе затреперат народите; лицата на сите ќе им побледат. Како борци ќе трчаат и како храбри борци ќе се искачуваат по карпите, и секој ќе си оди по својот пат и нема да отстапува од патот свој. И нема да се притискаат еден со друг, туку секој се држи до својот пат; незапирливо се пробиваат меѓу стрелите. Ќе навалат на градот, ќе се иска­чуваат по ѕидовите, ќе влегуваат во ку­ќите, ќе влегуваат и низ прозорците ка­ко крадци. Пред нив ќе се потресе земјата, ќе се расклати небото, сонцето и месе­чината ќе потемнат, а и ѕвездите ќе ја изгубат светлината своја. И Господ ќе го пушти гласот Свој пред Својата војска, зашто силата воинствена Негова е многу голема, и многу­бројни се оние што ќе ја извршуваат волјата Негова; зашто голем е денот Господов и многу е страшен, и кој ќе истрпи? Но и уште сега вели Господ: вра­тете се кај Мене од сѐ срце со пост, плач и ридание. Раскинете ги срцата свои, а не обле­ката и вратете се кај Господ вашиот Бог: зашто Тој е благ и милосрден, долготрпелив и многумилостив и сожалува кога казнува. Кој знае дали нема да се смили и дали ќе остави благослов: лебен принос и прелив за Господ, вашиот Бог? Затрубете со труба на Сион, наредете пост и објавете свечен собир. Соберете го народот, свикајте со­бир, поканете ги и старешините, собе­рете ги децата и доенчињата; нека изле­зе младоженецот од свадбената соба и невестата од својата одаја. Меѓу тремот и жртвеникот нека плачат свештениците, служителите на Господ и нека молат: „Смилувај се, Гос­поди, над народот Свој, не предавај го наследството Свое на срам, та да не се подигруваат со него народите! Зошто меѓу нив да се зборува – каде е нивниот Бог?“

Јоил 2:1-17

Joel 2:1-17