Лого на YouVersion
Икона за пребарување

John 7:37-52

Јован 7:37-52 - А во последниот голем ден од праз­никот застана Исус и извика со висок глас, велејќи: „Кој е жеден нека дојде кај Мене да пие! Кој верува во Мене од неговата ут­роба, како што е речено во Писмото, ќе потечат реки од жива вода.“ А ова го рече за Духот, Кого што ќе Го примат оние кои веруваат во Не­го; зашто Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен. А мнозина од народот, кога ги чуја овие зборови, рекоа: „Навистина Овој е пророк!“ Други велеа: „Овој е Христос.“ А некои рекоа: „Зар од Галилеја ќе дојде Христос? Не е ли речено во Писмото дека Христос ќе дојде од семето Давидово и од гратчето Витлеем, од каде што беше Давид?“ И така настана меѓу народот раздор за Него. А некои од нив сакаа да Го фатат, но никој не стави рака врз Него. Дојдоа, пак, слугите кај прво­свеш­тениците и фарисеите и овие им рекоа: „Зошто не Го доведовте?“ А слугите одговорија: „Никогаш човек не говорел така како Овој Чо­век.“ Тогаш им одговорија фарисеите: „Да не се прелагавте и вие? Поверувал ли некој од властите и фарисеите во Него? Но, овој народ, што не го знае За­ко­нот, е проклет.“ Никодим, пак, кој беше отишол кај Него ноќе, а беше еден од нив, им рече: „Осудува ли нашиот Закон човек додека најнапред не го сослушаат и не дознаат што прави?“ А тие му одговорија и рекоа: „Да не си и ти од Галилеја? Испитај и ќе ви­диш дека пророк од Галилеја не се јавува!“

А во последниот голем ден од праз­никот застана Исус и извика со висок глас, велејќи: „Кој е жеден нека дојде кај Мене да пие! Кој верува во Мене од неговата ут­роба, како што е речено во Писмото, ќе потечат реки од жива вода.“ А ова го рече за Духот, Кого што ќе Го примат оние кои веруваат во Не­го; зашто Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен. А мнозина од народот, кога ги чуја овие зборови, рекоа: „Навистина Овој е пророк!“ Други велеа: „Овој е Христос.“ А некои рекоа: „Зар од Галилеја ќе дојде Христос? Не е ли речено во Писмото дека Христос ќе дојде од семето Давидово и од гратчето Витлеем, од каде што беше Давид?“ И така настана меѓу народот раздор за Него. А некои од нив сакаа да Го фатат, но никој не стави рака врз Него. Дојдоа, пак, слугите кај прво­свеш­тениците и фарисеите и овие им рекоа: „Зошто не Го доведовте?“ А слугите одговорија: „Никогаш човек не говорел така како Овој Чо­век.“ Тогаш им одговорија фарисеите: „Да не се прелагавте и вие? Поверувал ли некој од властите и фарисеите во Него? Но, овој народ, што не го знае За­ко­нот, е проклет.“ Никодим, пак, кој беше отишол кај Него ноќе, а беше еден од нив, им рече: „Осудува ли нашиот Закон човек додека најнапред не го сослушаат и не дознаат што прави?“ А тие му одговорија и рекоа: „Да не си и ти од Галилеја? Испитај и ќе ви­диш дека пророк од Галилеја не се јавува!“

Јован 7:37-52

John 7:37-52