Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ヨハネによる福音書 14:1-10

Јован 14:1-10 - „Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во Мене ве­рувајте. Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, зарем Јас ќе ви кажев: ‚Одам да ви приготвам место‘? Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас. А каде одам Јас го знаете патот.“ Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш; и како можеме патот да го знаеме?“ Исус му рече: „Јас сум Патот, Вис­тината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене. Ако Ме бевте познавале, ќе го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.“ Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!“ Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и зар не си Ме познал, Фи­липе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, па како ти велиш: ‚Покажи ни Го Отецот?‘ Не веруваш ли дека Јас сум во Оте­цот, и дека Отецот е во Мене? Збо­ро­ви­те што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; туку од Отецот, Кој е секогаш во Мене, Тој ги врши делата.

„Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во Мене ве­рувајте. Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, зарем Јас ќе ви кажев: ‚Одам да ви приготвам место‘? Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас. А каде одам Јас го знаете патот.“ Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш; и како можеме патот да го знаеме?“ Исус му рече: „Јас сум Патот, Вис­тината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене. Ако Ме бевте познавале, ќе го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.“ Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!“ Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и зар не си Ме познал, Фи­липе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, па како ти велиш: ‚Покажи ни Го Отецот?‘ Не веруваш ли дека Јас сум во Оте­цот, и дека Отецот е во Мене? Збо­ро­ви­те што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; туку од Отецот, Кој е секогаш во Мене, Тој ги врши делата.

Јован 14:1-10