John 1:29-34

На другиот ден Го виде Јован Исус како доаѓа кај него и рече: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе! Овој е, за Кого реков: по мене иде Човек, Кој пред мене беше, бидејќи постоеше пред мене. Јас не Го познавав, но дојдов да крштавам со вода, за Тој да му биде објавен на Израел.“ И сведочеше Јован, велејќи: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и остана над Него. Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштавам со вода, ми рече: ‚Врз Кого ќе видиш дека слегува Духот и дека останува над Него, Тој е Оној што ќе крштава со Дух Свети.‘ И јас видов и посведочив дека Овој е Божјиот Син.“
Јован 1:29-34