Jeremiah 17:7-10

Благословен е човекот кој се надева на Господ, и кому надежта Му е Господ. Затоа што тој ќе биде како дрво посадено крај води, што ги пушта корењата свои покрај потокот; тоа не стравува кога настанува припек; лисјата му се зелени, и во време на суша не се плаши и не престанува да дава плод. Лукаво е човечкото срце повеќе од сѐ и е наполно расипано; кој ќе го разбере? Јас, Господ, проникнувам во срцето и ја испитувам внатрешноста, за да му дадам на секого според патот негов и според плодовите на делата негови.
Еремија 17:7-10