Jeremiah 17:14-17

Исцели ме Господи, и исцелен ќе бидам; спаси ме, и спасен ќе бидам, зашто Ти си моја фалба. Еве, тие ми велат: „Каде е словото Господово? Нека дојде!“ Јас не одбегнував да станам пастир кај Тебе и не го посакував кобниот ден, Ти го знаеш тоа; што излезе од устата моја, откриено е пред лицето Твое. Не биди страшен за мене, Ти си надеж моја во ден на неволја.
Еремија 17:14-17