Лого на YouVersion
Икона за пребарување

James 1:12-21

Јаков 1:12-21 - Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат. Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува, но секого го искушува неговата по­хота која го влече и мами. Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт. Не мамете се, браќа мои возљубени. Секој добар дар и секој совршен по­дарок иде озгора, симнувајќи се од Оте­цот на светлината, во Кого нема про­мени ни сенка од измена. Зашто Тој нѐ роди по својата волја преку словото на вистината, за да би­деме првина меѓу Неговите созданија.

И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз за слушање, а спор за зборување, и бавен за гнев, бидејќи човечкиот гнев не ја извр­шува Божјата правда. Затоа, отфрлувајќи од себеси секаква нечистота и насобрана злоба, со кроткост примете го насаденото слово, кое може да ги спаси вашите души.

Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат. Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува, но секого го искушува неговата по­хота која го влече и мами. Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт. Не мамете се, браќа мои возљубени. Секој добар дар и секој совршен по­дарок иде озгора, симнувајќи се од Оте­цот на светлината, во Кого нема про­мени ни сенка од измена. Зашто Тој нѐ роди по својата волја преку словото на вистината, за да би­деме првина меѓу Неговите созданија. И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз за слушање, а спор за зборување, и бавен за гнев, бидејќи човечкиот гнев не ја извр­шува Божјата правда. Затоа, отфрлувајќи од себеси секаква нечистота и насобрана злоба, со кроткост примете го насаденото слово, кое може да ги спаси вашите души.

Јаков 1:12-21

James 1:12-21