Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Isaiah 55:1-7

Исаија 55:1-7 - Вие, што жедувате, дојдете сите при водите; дури и вие, кои не­мате пари, дојдете, купувајте и јадете; дојдете, купувајте вино и млеко без пари и без плаќање. Зошто да трошите пари за она, што не е леб, и заработката своја – за она, што не наситува? Послушајте Ме внимателно и јадете што е добро, и душата ваша нека се слади со сочни јадења. Приклонете го увото и дојдете при Мене; послушајте, и душата ваша ќе биде жива, – ќе склопам со вас вечен завет, неизменливи милости, ветени на Давид. Ете, Него го дадов сведок за народите, водач и заповедник на народите. Ете, ти ќе повикаш народ, што не си го познавал, и народите, кои не те по­знавале, ќе побрзаат кон тебе, заради Господа, твојот Бог, заради Светецот Израелов, зашто Тој те прослави.

Барајте го Господа, додека можете да Го најдете; викајте Го додека е близу. Нечесниот нека го остави патот свој, и беззаконикот – помислите свои и нека се обрати кон Господ, нашиот Бог, – и Тој ќе го помилува, зашто е многу ми­лостив.

Вие, што жедувате, дојдете сите при водите; дури и вие, кои не­мате пари, дојдете, купувајте и јадете; дојдете, купувајте вино и млеко без пари и без плаќање. Зошто да трошите пари за она, што не е леб, и заработката своја – за она, што не наситува? Послушајте Ме внимателно и јадете што е добро, и душата ваша нека се слади со сочни јадења. Приклонете го увото и дојдете при Мене; послушајте, и душата ваша ќе биде жива, – ќе склопам со вас вечен завет, неизменливи милости, ветени на Давид. Ете, Него го дадов сведок за народите, водач и заповедник на народите. Ете, ти ќе повикаш народ, што не си го познавал, и народите, кои не те по­знавале, ќе побрзаат кон тебе, заради Господа, твојот Бог, заради Светецот Израелов, зашто Тој те прослави. Барајте го Господа, додека можете да Го најдете; викајте Го додека е близу. Нечесниот нека го остави патот свој, и беззаконикот – помислите свои и нека се обрати кон Господ, нашиот Бог, – и Тој ќе го помилува, зашто е многу ми­лостив.

Исаија 55:1-7

Isaiah 55:1-7