Isaiah 40:27-31

А како говориш ти, Јакове, и велиш, Израеле: „Патот ми е сокриен од Господ, делото мое е заборавено пред мојот Бог?“ Зар не знаеш? Зар не си слушал дека вечниот Бог, Кој ги создал краиштата на земјата, не се изморува и не изнемоштува; Неговиот разум е неиспитлив. Тој му дава сила на уморениот и му дарува јачина на изнемоштениот. Се уморуваат и момчињата и ослабуваат, и млади луѓе паѓаат, а оние кои се надеваат на Господ, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат.
Исаија 40:27-31