Isaiah 29:13-16

И рече Господ: „Бидејќи овој народ се приближува кон Мене со устата своја, и со јазикот свој Ме почитува, а срцето негово му останува далеку од Мене, и почитувањето нивно пред Мене е само научено човечко правило; затоа, ете, Јас ќе постапам пак необично со овој народ, чудно и чудесно, така што мудроста на мудреците негови ќе загине, и разум во разумните нема да има.“ Тешко на оние што мислат да се сокријат во длабочината, за да ги скријат своите намери од Господ, кои ги вршат делата свои во мрак и велат: „Кој ќе нѐ види, и кој ќе нѐ дознае?“ Каква неразумност! Можеме ли да го сметаме грнчарот за глина? Ќе каже ли делото за оној што го направил: тој не ме направи? И ќе каже ли направеното за мајсторот свој: тој не разбира?
Исаија 29:13-16