Isaiah 12:1-6

Во оној ден ќе речеш: „Ќе Те славам, Господи! Ти ми беше гневен, но го одврати гневот Свој и ме утеши.“ Ете, Бог е моето спасение; на Него се надевам; и не се плашам; зашто Господ е мојата сила, Господ е мојата песна; Тој ми е спасение. Тогаш со радост ќе црпите вода од изворите на спасението, во тој ден ќе речете: „Славете Го Господа, повикувајте Го името Негово; разгласувајте ги меѓу народите делата Негови; напомнувајте дека името Негово е големо; пејте Му на Господ, зашто Тој направил нешто големо – нека го знаат тоа по целата земја. Весели се и радувај се, жителко Сионова, зашто, голем е меѓу тебе Светецот на Израел.“
Исаија 12:1-6