Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата. Земјата беше неоформена и пуста; имаше темнина над бездната и Божјиот Дух лебдеше над водата. И Бог рече: „Нека биде светлина!“ И настана светлина. И Бог виде дека светлината е нешто добро; и ја оддели Бог светлината од темнината.