Genesis 1:1-8

Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата. Земјата беше неоформена и пуста; имаше темнина над бездната и Божјиот Дух лебдеше над водата. И Бог рече: „Нека биде светлина!“ И настана светлина. И Бог виде дека светлината е нешто добро; и ја оддели Бог светлината од темнината. Бог светлината ја нарече ден, а темнината ја нарече ноќ. И настапи вечер, и настапи утро – прв ден. Потоа Бог рече: „Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!“ И создаде Бог свод; и ја одвои водата што е под сводот од водата што е над сводот. Така и стана. И сводот Бог го нарече небо. И настапи вечер и настапи утро – втор ден.
Создавање 1:1-8