Galatians 6:1-6

Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го таков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани. Поднесувајте го товарот еден на друг и исполнувајте го така законот Христов. Зашто оној, кој сам себе се смета за нешто, а не е ништо, тој се мами самиот себе. Секој нека си ги испита делата свои и тогаш ќе има пофалба пред себе самиот, а не пред друг. Зашто секој ќе го понесе својот товар. А оној што се учи на словото, нека му дава дел од секое добро на оној што го учи.
Галатјаните 6:1-6