Galatians 4:4-11

но, кога се исполни времето, Бог Го испрати Својот Син, Кој се роди од жена и се потчини на Законот, за да ги откупи оние што се под Закон, та да го примиме посинувањето. А бидејќи вие сте синови, Бог Го испрати Духот на Својот Син во срцата ваши, Кој вика: Ава, Оче! Затоа не си веќе роб, туку син; ако си, пак, син, тогаш си и наследник Божји преку Исус Христос. Но тогаш, бидејќи Бога не Го познававте, им служевте на богови кои по својата природа не се богови; а сега, откако Го познавте Бога, или, подобро, откако Бог ве позна, како сега повторно се враќате кон слабите и бедни стихии, на кои сакате одново да им служите? Внимавате на деновите, месеците, времињата, годините. Се плашам за вас, да не сум се трудел меѓу вас попусто.
Галатјаните 4:4-11