Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Galater 1:10-21

Галатјаните 1:10-21 - Во луѓето ли сега барам благона­клонетост, или во Бога? Или, пак, на луѓето ли сакам да им угодувам? Ако бев сакал да им угодувам на луѓето, не­маше да бидам Христов слуга.

Браќа, ве известувам дека Еван­ге­лието, кое јас Го проповедав, не е од лу­ѓе, зашто јас ниту сум го примил, ниту сум го научил од човек, туку преку от­кровение на Исус Христос. Сте слушале и за моето некогашно поведение во јудејството, дека пре­ку­мерно ја гонев Божјата црква и ја ра­зорував; и дека во јудејството напредував многу повеќе од мнозина мои врсници, бидејќи бев голем ревнител за тат­ков­ските преданија. Кога Бог, Кој ме избра уште од мај­чина утроба и ме повика преку Својата благодат, благоволи во мене да Го открие Својот Син за да благовестувам за Него меѓу незна­бошците, – веднаш, не го прашав ни те­лото, ниту крвта, ниту, пак, отидов во Ерусалим кај оние што станаа апостоли пред мене, туку заминав за Арабија и пак се вратив во Дамаск. А три години подоцна отидов во Ерусалим за да се видам со Кифа, и ос­танав кај него петнаесет дена. А, пак, од апостолите не видов ни­кој друг, освен Јаков, братот Господов. А за она што ви пишувам, еве, пред Бога велам дека не лажам. А потоа дојдов во земјите Сириски и Киликиски.

Во луѓето ли сега барам благона­клонетост, или во Бога? Или, пак, на луѓето ли сакам да им угодувам? Ако бев сакал да им угодувам на луѓето, не­маше да бидам Христов слуга. Браќа, ве известувам дека Еван­ге­лието, кое јас Го проповедав, не е од лу­ѓе, зашто јас ниту сум го примил, ниту сум го научил од човек, туку преку от­кровение на Исус Христос. Сте слушале и за моето некогашно поведение во јудејството, дека пре­ку­мерно ја гонев Божјата црква и ја ра­зорував; и дека во јудејството напредував многу повеќе од мнозина мои врсници, бидејќи бев голем ревнител за тат­ков­ските преданија. Кога Бог, Кој ме избра уште од мај­чина утроба и ме повика преку Својата благодат, благоволи во мене да Го открие Својот Син за да благовестувам за Него меѓу незна­бошците, – веднаш, не го прашав ни те­лото, ниту крвта, ниту, пак, отидов во Ерусалим кај оние што станаа апостоли пред мене, туку заминав за Арабија и пак се вратив во Дамаск. А три години подоцна отидов во Ерусалим за да се видам со Кифа, и ос­танав кај него петнаесет дена. А, пак, од апостолите не видов ни­кој друг, освен Јаков, братот Господов. А за она што ви пишувам, еве, пред Бога велам дека не лажам. А потоа дојдов во земјите Сириски и Киликиски.

Галатјаните 1:10-21

Galater 1:10-21