Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ephesians 5:3-33

Ефесјаните 5:3-33 - А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост воопшто да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии, ниту, пак, срамни и будалести збо­рови или двосмислени приказни, што се неприлични, туку само благодарност. Зашто ова треба да го знаете: дека ниеден блудник, или нечист, или користољубец – кој е идолопоклоник, нема дел во царството на Христос и Бог. Никој да не се мами со празни збо­ро­ви; зашто поради нив доаѓа гневот Бож­ји врз синовите на непокорноста; затоа, не станувајте нивни соучесници. Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината! Зашто плодот на светлината се состои во сѐ што е добро, праведно и вистинито – одлучете се за она што Му е мило на Бога! Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги! Зашто за она што го прават скри­шум, срамно е и да се зборува. А сѐ што е изобличено, светлината го прави јавно; бидејќи сѐ што е јавно, светлина е. Затоа е речено: „Стани ти што спи­еш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!“ Па така, внимавајте добро како жи­веете! Не како безумни, туку како мудри; ползувајте го времето, зашто дните се лукави. Затоа немојте да бидете неразумни, туку распознајте што е волјата Божја! И не опивајте се со вино, во него има разврат, но исполнете се со Дух. Разговарајте меѓу себе со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господ во срцата ваши; благодарејќи Му секогаш за сѐ на Бога и Отецот, во името на нашиот Гос­под Исус Христос;

покорувајте се еден на друг во страхопочит Божја. Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господ, зашто мажот е глава на жената, ка­ко што е и Христос глава на Црквата, и Тој е Спасител на телото. Па, како што Црквата Му се покорува на Христос, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сѐ. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црк­вата и се предаде Себе за неа, за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото; та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернување, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна. И така, мажите се должни да ги са­каат жените свои како што ги сакаат своите тела; зашто, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси. Зашто никој никогаш не го намра­зил телото свое, туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата, бидејќи ние сме делови на Неговото тело. „Поради тоа, човекот ќе го остави својот татко и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат едно тело.“ Оваа тајна е голема. Но јас ви збо­рувам за Христос и за Црквата. И така, секој од вас да си ја сака же­ната своја, како што се сака самиот себе, а жената да го почитува мажот свој.

А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост воопшто да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии, ниту, пак, срамни и будалести збо­рови или двосмислени приказни, што се неприлични, туку само благодарност. Зашто ова треба да го знаете: дека ниеден блудник, или нечист, или користољубец – кој е идолопоклоник, нема дел во царството на Христос и Бог. Никој да не се мами со празни збо­ро­ви; зашто поради нив доаѓа гневот Бож­ји врз синовите на непокорноста; затоа, не станувајте нивни соучесници. Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината! Зашто плодот на светлината се состои во сѐ што е добро, праведно и вистинито – одлучете се за она што Му е мило на Бога! Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги! Зашто за она што го прават скри­шум, срамно е и да се зборува. А сѐ што е изобличено, светлината го прави јавно; бидејќи сѐ што е јавно, светлина е. Затоа е речено: „Стани ти што спи­еш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!“ Па така, внимавајте добро како жи­веете! Не како безумни, туку како мудри; ползувајте го времето, зашто дните се лукави. Затоа немојте да бидете неразумни, туку распознајте што е волјата Божја! И не опивајте се со вино, во него има разврат, но исполнете се со Дух. Разговарајте меѓу себе со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господ во срцата ваши; благодарејќи Му секогаш за сѐ на Бога и Отецот, во името на нашиот Гос­под Исус Христос; покорувајте се еден на друг во страхопочит Божја. Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господ, зашто мажот е глава на жената, ка­ко што е и Христос глава на Црквата, и Тој е Спасител на телото. Па, како што Црквата Му се покорува на Христос, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сѐ. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црк­вата и се предаде Себе за неа, за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото; та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернување, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна. И така, мажите се должни да ги са­каат жените свои како што ги сакаат своите тела; зашто, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси. Зашто никој никогаш не го намра­зил телото свое, туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата, бидејќи ние сме делови на Неговото тело. „Поради тоа, човекот ќе го остави својот татко и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат едно тело.“ Оваа тајна е голема. Но јас ви збо­рувам за Христос и за Црквата. И така, секој од вас да си ја сака же­ната своја, како што се сака самиот себе, а жената да го почитува мажот свој.

Ефесјаните 5:3-33

Ephesians 5:3-33