Ephesians 4:1-7

Браќа, јас, затвореник во Господ, ве молам да се однесувате достојно според звањето, за кое сте повикани, со сета понизност и кротост, со долготрпеливост, поднесувајќи се еден со друг со љубов, трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот. Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на вашето звање. Еден Господ, една вера и едно крштение, еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сѐ, и преку сите, и во сите нас. А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов.
Ефесјаните 4:1-7