Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Epheserbrief 4:1-16

Ефесјаните 4:1-16 - Браќа, јас, затвореник во Господ, ве молам да се однесувате достојно според звањето, за кое сте повикани, со сета понизност и кротост, со долготрпеливост, поднесувајќи се еден со друг со љубов, трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот. Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на ваше­то звање. Еден Господ, една вера и едно крш­тение, еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сѐ, и преку сите, и во сите нас. А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Хрис­тов. Затоа е и речено: „Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето.“ А што означува „издигајќи се“, ако не тоа дека Тој слезе пред тоа во најдолните места на земјата. Слегнатиот е истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ. И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовести­тели, четврти за пастири и учители, за усовршување на светиите во де­лото на служењето, за изградување на Христовото тело, додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота, та да не бидеме веќе мали деца што ги лула и занесува секој ветар на лаж­ните учења, преку човечките заблуди, во лукавството на измама кон заблуда. Туку со љубов држејќи се за вистината во секој поглед да растеме во Оној, Кој е глава, Христос. Со Него целото тело е составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поради силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.

Браќа, јас, затвореник во Господ, ве молам да се однесувате достојно според звањето, за кое сте повикани, со сета понизност и кротост, со долготрпеливост, поднесувајќи се еден со друг со љубов, трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот. Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на ваше­то звање. Еден Господ, една вера и едно крш­тение, еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сѐ, и преку сите, и во сите нас. А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Хрис­тов. Затоа е и речено: „Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето.“ А што означува „издигајќи се“, ако не тоа дека Тој слезе пред тоа во најдолните места на земјата. Слегнатиот е истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ. И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовести­тели, четврти за пастири и учители, за усовршување на светиите во де­лото на служењето, за изградување на Христовото тело, додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота, та да не бидеме веќе мали деца што ги лула и занесува секој ветар на лаж­ните учења, преку човечките заблуди, во лукавството на измама кон заблуда. Туку со љубов држејќи се за вистината во секој поглед да растеме во Оној, Кој е глава, Христос. Со Него целото тело е составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поради силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.

Ефесјаните 4:1-16

Epheserbrief 4:1-16