Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ephesians 1:7-14

Ефесјаните 1:7-14 - во Кого имаме откуп преку Не­го­ва­та крв, простување на гревовите по бо­гат­ството на Неговата благодат. Таа благодат Тој ни ја даде изобилно заедно со сета мудрост и разум, откако ни ја откри тајната на Сво­ја­та волја според Своето благоволение што го беше положил во Себе од порано во уредувањето и исполнувањето на времињата, за да соедини сѐ небесно и земно под една глава – во Христос. Преку Него ние бевме избрани за наследници, однапред определени спо­ред одлуката на Оној Кој врши сѐ спо­ред волјата Своја, за да послужиме како пофалба на славата Негова ние, кои од порано се надевавме на Христос. Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ве­тениот Свети Дух. Тој е залог за нашето наследство, за откупување на посвојувањето за пофалба на Неговата слава.

во Кого имаме откуп преку Не­го­ва­та крв, простување на гревовите по бо­гат­ството на Неговата благодат. Таа благодат Тој ни ја даде изобилно заедно со сета мудрост и разум, откако ни ја откри тајната на Сво­ја­та волја според Своето благоволение што го беше положил во Себе од порано во уредувањето и исполнувањето на времињата, за да соедини сѐ небесно и земно под една глава – во Христос. Преку Него ние бевме избрани за наследници, однапред определени спо­ред одлуката на Оној Кој врши сѐ спо­ред волјата Своја, за да послужиме како пофалба на славата Негова ние, кои од порано се надевавме на Христос. Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ве­тениот Свети Дух. Тој е залог за нашето наследство, за откупување на посвојувањето за пофалба на Неговата слава.

Ефесјаните 1:7-14

Ephesians 1:7-14