Ecclesiastes 4:9-16

Подобро им е на двајца, отколку на еден, бидејќи имаат добра награда за трудот свој. Зашто, ако падне едниот, другиот ќе го крене другарот свој. Но тешко на еден, ако падне, ќе нема друг, кој да го крене. Исто, кога лежат двајца, топло им е; а еден – како ќе се згрее? И, ако некој го надвие едниот, тоа двајца ќе го навасаат; и јажето, трипати усукано, нема лесно да се скине. Подобар е младинец сиромав и умен, отколку цар – неразумен и стар, кој веќе не умее да прима совети; зашто младиот може да излезе од темница и да стане цар, иако се родил сиромав во царството. Ги видов сите живи, што одат под сонцето, со вториот младич што ќе застане на негово место. Број немаше сиот оној народ, што беше пред него, иако подоцнежните нема да му се радуваат. И тоа е суета и гонење ветер.
Проповедник 4:9-16