Ecclesiastes 11:1-6

Пуштај го лебот свој по водите, зашто по многу дни пак ќе го најдеш. Давај дел на седум души, и дури на осум, зашто не знаеш, какво зло ќе настане на земјата. Кога ќе се наполнат облаците, излеваат дожд на земјата; и ако едно дрво падне кон југ или кон север, тоа си останува таму, каде што и паднало. Кој го набљудува ветрот, нема да сее, и кој гледа во облаците, нема да жнее. Како што не ги знаеш патиштата на ветрот, ниту како настануваат коските во утробата на бремена жена, така не можеш да ги знаеш ни делата на Бога, Кој создава сѐ. Изутрина сеј го семето твое и навечер нека не мируваат рацете твои, зашто не знаеш, едното, или другото повеќе ќе успее, или и едното и другото ќе бидат еднакво добри.
Проповедник 11:1-6