Deuteronomy 6:4-12

Послушај, Израеле: Господ, нашиот Бог, е единствен Господ, сакај Го Господа, твојот Бог, од сѐ срце, со сета душа твоја и со сите сили твои! Овие зборови, што ти ги заповедам денес, да бидат во твоето срце; и пренесувај им ги на децата свои и зборувај за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш; и врзи ги на раката своја како знак, и нека ти бидат ознака над очите твои, и напишете ги врз надвратникот од вашите куќи и на вашите градски порти. Кога, пак, ќе те воведе Господ, твојот Бог, во онаа земја, за која Тој им се заколна на предците твои – Авраам, Исак и Јаков, да ти ја даде со големи и убави градови, што ти не си ги градел, и со куќи, полни со секое добро, со кое ти не си ги наполнил, и со кладенци ископани, што ти не си ги копал, со лозја и маслини, кои ти не си ги садел, па ќе јадеш и ќе се наситуваш! Тогаш пази да не Го заборавиш Господа, Кој те изведе од египетската земја, од домот на ропството.
Повторени закони 6:4-12