Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Timothy 1:8-18

2 Тимотеј 1:8-18 - И така, не срамувај се од сведо­че­ње­то за нашиот Господ Исус Христос, ни­ту од мене, затвореникот за Него, туку стани соучесник во страдањата за Евангелието Христово по силата на Бо­га, Кој нѐ спаси и нѐ повика кон свето звање, не поради нашите дела, туку по Својата добра волја и благодатта, што ни е дадена во Христос Исус пред вечни времиња, а откриена сега со јавувањето на нашиот Спасител Исус Христос, Кој ја уништи смртта и го осветли животот и нераспадливоста преку Евангелието, за кое сум поставен како проповедник, апостол и учител на незнабошците. Затоа и го трпам тоа; но не се срамувам, зашто знам во Кого сум поверувал и уверен сум дека Тој е моќен мојот залог да го запази за оној ден. Имај ги, како пример, здравите збо­рови што си ги чул од мене, со вера и љубов во Христос Исус! Запази го добриот залог преку Све­тиот Дух, Кој живее во нас!

Го знаеш тоа дека мене ме напуш­тија сите во Азија, меѓу кои и Фигел и Ермоген. Господ нека му даде милост на до­мот на Онисифор, зашто многупати ме успокои и не се посрами од моите око­ви. А, кога дојде во Рим, грижливо ме побара и ме најде. Господ нека му даде да најде милост во Него во оној ден! А колку служеше тој во Ефес, ти тоа најдобро го знаеш.

И така, не срамувај се од сведо­че­ње­то за нашиот Господ Исус Христос, ни­ту од мене, затвореникот за Него, туку стани соучесник во страдањата за Евангелието Христово по силата на Бо­га, Кој нѐ спаси и нѐ повика кон свето звање, не поради нашите дела, туку по Својата добра волја и благодатта, што ни е дадена во Христос Исус пред вечни времиња, а откриена сега со јавувањето на нашиот Спасител Исус Христос, Кој ја уништи смртта и го осветли животот и нераспадливоста преку Евангелието, за кое сум поставен како проповедник, апостол и учител на незнабошците. Затоа и го трпам тоа; но не се срамувам, зашто знам во Кого сум поверувал и уверен сум дека Тој е моќен мојот залог да го запази за оној ден. Имај ги, како пример, здравите збо­рови што си ги чул од мене, со вера и љубов во Христос Исус! Запази го добриот залог преку Све­тиот Дух, Кој живее во нас! Го знаеш тоа дека мене ме напуш­тија сите во Азија, меѓу кои и Фигел и Ермоген. Господ нека му даде милост на до­мот на Онисифор, зашто многупати ме успокои и не се посрами од моите око­ви. А, кога дојде во Рим, грижливо ме побара и ме најде. Господ нека му даде да најде милост во Него во оној ден! А колку служеше тој во Ефес, ти тоа најдобро го знаеш.

2 Тимотеј 1:8-18

2 Timothy 1:8-18