2 Corinthians 5:6-10

И затоа, секогаш сме спокојни, иако знаеме дека, сѐ додека живееме во телото, ние сме далеку од Господ, бидејќи според верата живееме, а не според гледањето. Но не се плашиме и сакаме што поскоро да го напуштиме телото и да се прибереме кај Господ. Па затоа и усрдно се грижиме да Му бидеме угодни, било кога престојуваме во телото, или кога го напуштаме; зашто сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд. Та секој да прими што заслужил, според она што го извршил во телото свое, било добро или зло.
2 Коринтјаните 5:6-10