2 Corinthians 5:17-21

И така, кој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, и ете, се создаде новото. А сѐ е од Бога, Кој нѐ измири со Себе преку Христос и ни го даде служењето на тоа измирување. Зашто Бог го измири светот со Себе преку Христос, не земајќи ги предвид престапите на луѓето, и го положи во нас словото на измирување. Па така, ние сме Христови пратеници, како Бог да зборува преку нас. Ве молиме во името на Христос: помирете се со Бога! Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Бог за нас Го направи грев, та преку Него да станеме праведност Божја.
2 Коринтјаните 5:17-21