Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Timothy 5:1-21

1 Тимотеј 5:1-21 - Не укорувај старец, туку почитувај го како да ти е татко; помладите, пак, како да ти се браќа; старите жени – како мајки, младите – како сестри, со сета чистота. Вдовиците почитувај ги, но вистинските вдовици. Ако, пак, некоја вдовица има деца или внуци, тие најнапред нека се научат да го почитуваат својот дом и со тоа да им возвратат со дар на родителите свои, бидејќи тоа е добро и угодно за Бога. А онаа што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и пребива во молитви и молења дење и ноќе. Но онаа, пак, што живее рас­пуш­тено, таа умрела уште додека е жива. Порачувај им го уште и тоа, да би­дат беспорочни. Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се од­ре­кол од верата и полош е од безверник. Во попис да се запише само таква вдовица која не е помлада од шеесет го­дини, и ако имала само еден маж, и има сведоштва за добри дела; от­хра­нила деца, била гостољубива, миела нозе на светии; ако им помагала на пострадани и на секое добро дело усрдно се посветувала. А помлади вдовици не примај, зашто кога страстите ќе ги одвратат од Христос, ќе посакаат да се мажат. Тие заслужуваат осуда, зашто ја от­фрлиле порано дадената верност. Освен тоа, шетајќи од куќа до куќа, навикнуваат да бидат безработни; и не само безработни, туку се и јазичарки, љубопитни и зборуваат што не прилега. Заради тоа, сакам помладите вдовици да се мажат, да раѓаат деца, да бидат домаќинки и да не му даваат никаков повод на противникот за хулење; зашто некои веќе скршнаа по са­та­ната. Ако некој верник или верничка има во куќата вдовици, нека се грижи за нив, за да не се товари Црквата, па да може да пригледува вистински вдовици.

А свештениците, што добро ја извршуваат својата управителска служ­ба, нека се удостојуваат со двојна почит; а најмногу, пак, оние кои се трудат во словото и во поуката. Зашто Писмото вели: „Не заврзувај уста на вол кој врши“, и: „Работникот ја заслужува својата плата.“ Обвинение против презвитери не прифаќај, освен пред двајца или тројца сведоци. А оние што грешат, искарај ги пред сите, па и другите да имаат страв. Те заколнувам пред Бога, пред Господ Исус Христос и пред избраните ангели да го пазиш ова без предрасуда и ништо да не правиш по пристрасност.

Не укорувај старец, туку почитувај го како да ти е татко; помладите, пак, како да ти се браќа; старите жени – како мајки, младите – како сестри, со сета чистота. Вдовиците почитувај ги, но вистинските вдовици. Ако, пак, некоја вдовица има деца или внуци, тие најнапред нека се научат да го почитуваат својот дом и со тоа да им возвратат со дар на родителите свои, бидејќи тоа е добро и угодно за Бога. А онаа што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и пребива во молитви и молења дење и ноќе. Но онаа, пак, што живее рас­пуш­тено, таа умрела уште додека е жива. Порачувај им го уште и тоа, да би­дат беспорочни. Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се од­ре­кол од верата и полош е од безверник. Во попис да се запише само таква вдовица која не е помлада од шеесет го­дини, и ако имала само еден маж, и има сведоштва за добри дела; от­хра­нила деца, била гостољубива, миела нозе на светии; ако им помагала на пострадани и на секое добро дело усрдно се посветувала. А помлади вдовици не примај, зашто кога страстите ќе ги одвратат од Христос, ќе посакаат да се мажат. Тие заслужуваат осуда, зашто ја от­фрлиле порано дадената верност. Освен тоа, шетајќи од куќа до куќа, навикнуваат да бидат безработни; и не само безработни, туку се и јазичарки, љубопитни и зборуваат што не прилега. Заради тоа, сакам помладите вдовици да се мажат, да раѓаат деца, да бидат домаќинки и да не му даваат никаков повод на противникот за хулење; зашто некои веќе скршнаа по са­та­ната. Ако некој верник или верничка има во куќата вдовици, нека се грижи за нив, за да не се товари Црквата, па да може да пригледува вистински вдовици. А свештениците, што добро ја извршуваат својата управителска служ­ба, нека се удостојуваат со двојна почит; а најмногу, пак, оние кои се трудат во словото и во поуката. Зашто Писмото вели: „Не заврзувај уста на вол кој врши“, и: „Работникот ја заслужува својата плата.“ Обвинение против презвитери не прифаќај, освен пред двајца или тројца сведоци. А оние што грешат, искарај ги пред сите, па и другите да имаат страв. Те заколнувам пред Бога, пред Господ Исус Христос и пред избраните ангели да го пазиш ова без предрасуда и ништо да не правиш по пристрасност.

1 Тимотеј 5:1-21

1 Timothy 5:1-21