I Timothy 2:1-7

Молам, пред сѐ, да се прават просби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе: за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и достоинство. Тоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бог, Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината. Зашто еден е Бог и еден е Посредник меѓу Бога и луѓето – Човекот Христос Исус, Кој се даде Себе како откуп за сите – а тоа се посведочи во свое време; па затоа сум поставен како проповедник и апостол – зборувам вистина во Христос, не лажам – како учител на незнабошците во верата и вистината.
1 Тимотеј 2:1-7