Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Timothy 2:1-15

1 Тимотеј 2:1-15 - Молам, пред сѐ, да се прават про­сби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе: за царевите и за сите што се на вла­ст, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и достоинство. Тоа е добро и угодно пред нашиот Спа­сител Бог, Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината. Зашто еден е Бог и еден е Пос­ред­ник меѓу Бога и луѓето – Човекот Хрис­тос Исус, Кој се даде Себе како откуп за сите – а тоа се посведочи во свое време; па затоа сум поставен како про­по­ведник и апостол – зборувам вистина во Христос, не лажам – како учител на незнабошците во верата и вистината.

Мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи чисти раце без гнев и расправии. Исто така и жените, облечени пристојно, со срамежливост и чесност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато, со бисери, или со скапоцени облеки, туку со добри дела, како што им прилега на жени што ѝ се посветуваат на побожноста. Жената нека прима поука во мир и потполна потчинетост. На жената не ѝ допуштам да поу­­чу­ва, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна. Бидејќи најпрвин беше создаден Адам, а потоа Ева; и Адам не беше измамен, туку же­ната беше измамена и направи престап. Но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со разборитост.

Молам, пред сѐ, да се прават про­сби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе: за царевите и за сите што се на вла­ст, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и достоинство. Тоа е добро и угодно пред нашиот Спа­сител Бог, Кој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината. Зашто еден е Бог и еден е Пос­ред­ник меѓу Бога и луѓето – Човекот Хрис­тос Исус, Кој се даде Себе како откуп за сите – а тоа се посведочи во свое време; па затоа сум поставен како про­по­ведник и апостол – зборувам вистина во Христос, не лажам – како учител на незнабошците во верата и вистината. Мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи чисти раце без гнев и расправии. Исто така и жените, облечени пристојно, со срамежливост и чесност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато, со бисери, или со скапоцени облеки, туку со добри дела, како што им прилега на жени што ѝ се посветуваат на побожноста. Жената нека прима поука во мир и потполна потчинетост. На жената не ѝ допуштам да поу­­чу­ва, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна. Бидејќи најпрвин беше создаден Адам, а потоа Ева; и Адам не беше измамен, туку же­ната беше измамена и направи престап. Но ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со разборитост.

1 Тимотеј 2:1-15

1 Timothy 2:1-15