1 Thessalonians 5:12-24

И ве молам, браќа, да ги уважувате оние што се трудеа меѓу вас, и ве водат во Господ, и оние кои ве утешуваат. И кон нив да имате преголема љубов заради нивното дело. Живејте во мир меѓу себе! Браќа, ве молам, поучувајте ги неуредните, утешувајте ги малодушните, поткрепувајте ги слабите и бидете долготрпеливи кон сите. Гледајте никој никому да не враќа зло за зло; туку секогаш барајте добро еден на друг, и на сите! Радувајте се секогаш! Молете се постојано! Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја во Христос Исус спрема вас! Не гаснете Го Духот! Пророштвата не ги омаловажувајте! Сѐ испитувајте, за доброто држете се! Клонете се од секакво зло! А Сам Бог на мирот да ве освети наполно во сѐ, и целиот ваш дух и душата и телото да се запазат без порок за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос! Верен е Оној, Кој ве повикува. Тој и ќе го направи тоа.
1 Солуњаните 5:12-24