1 Peter 4:16-19

но, ако страда како христијанин, да не се срамува, туку да Го прославува Бога за такво учество. Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие? И кога праведникот одвај се спасува, тогаш што ќе стане од безбожниците и грешниците!? И така, оние што страдаат според волјата на Бога, нека Му ги предадат Нему, како на верен Создател, душите свои, правејќи добро.
1 Петар 4:16-19