1 Corinthiens 3:6-11

Јас посадив, Аполос полеа, но Бог направи да израсне. Затоа, ниту оној кој сади е нешто, ниту, пак, оној што полева, туку Бог, Кој прави да израсне. Кој сади и кој полева се едно; а секој ќе ја добие својата награда според својот труд. Ние сме Му соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божјо здание. Според Божјата благодат, што ми е дадена, јас, како мудар градител, поставив темел, а друг надѕидува; само секој нека пази како надѕидува. Зашто никој не може да постави друга основа, освен положената, а таа е Исус Христос.
1 Коринтјаните 3:6-11