I Corinthians 3:16-23

Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас? Ако некој го разори Божјиот храм, него Бог ќе го разори; зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие. Никој нека не се лаже; ако некој мисли дека е мудар меѓу вас во овој свет, нека стане безумен, за да биде мудар. Зашто мудроста од овој свет е безумство пред Бога, како што е напишано: „Тој ги лови мудрите во нивното лукавство.“ И пак: „Господ знае дека размислите на мудрите се суетни.“ И така, никој нека не се фали со луѓе, бидејќи сѐ е ваше: било Павле или Аполос, или Кифа, било светот или животот, или смртта, било сегашното или идното, – сѐ е ваше, вие, пак, сте Христови, а Христос – Божји.
1 Коринтјаните 3:16-23