Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Corinthians 2:9-14

1 Коринтјаните 2:9-14 - Но, како што е напишано: „Она што око не видело, уво не чуло, ниту на чо­век на ум му дошло, тоа Бог го пригот­вил за оние кои Го љубат.“ А нам, пак, ни го откри тоа Бог преку Својот Дух, зашто Духот продира во сѐ, па дури и во длабочините Божји. Бидејќи, кој човек знае што има во човекот, освен човечкиот дух кој живее во него? Па така и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух. Но ние не го примивме духот од овој свет, туку Духот Кој доаѓа од Бога, за да го знаеме она што ни е дарувано од Бога; па тоа и го проповедаме не со збо­рови научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: толкувајќи го она што е духовно со духовни поими. Телесниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух: за него тоа е без­умство; и не може да го разбере, зашто тоа треба со помошта на Духот да се испита.
1 Corinthians 2:9-14