1 Corinthians 16:13-18

Бидете бодри, стојте во верата, држете се машки, бидете крепки. Секое ваше дело нека биде во љубов. Ве молам уште, браќа: знајте дека домот на Стефанин е првиот плод на Ахаја и дека се определи да им служи на светиите. Покорувајте им се и вие на такви и на секого, што соработува и се труди! Се радувам што дојдоа Стефанин, Фортунат и Ахаик: тие го пополнија вашето отсуство, зашто го успокоија духот мој и ваш. Почитувајте ги таквите!
1 Коринтјаните 16:13-18