1 Corinthians 13:7-13

сѐ покрива, во сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ поднесува. Љубовта никогаш не пропаѓа. А пророкувањата? Ќе минат. Јазиците? Ќе замолкнат. Знаењето? Ќе исчезне. Зашто само делумно спознаваме и само делумно пророкуваме; а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното. Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детското. Сега гледаме како низ огледало, нејасно, а тогаш – лице в лице; сега спознавам делумно, а тогаш ќе спознаам совршено како што и сум спознаен. А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.
1 Коринтјаните 13:7-13