Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Corinthians 1:18-31

1 Коринтјаните 1:18-31 - Зашто словото за крстот е безумие за оние што пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја. Зашто е напишано: „Ќе ја уништам мудроста на мудрите и ќе ја отфрлам разумноста на разумните.“ Каде е мудрецот? Каде е книж­ни­кот? Каде е препирачот од овој век? Не ја претвори ли Бог мудроста на овој свет во лудост? Зашто светот при мудроста Божја не Го позна Бога со мудрост; Бог благоволи со безумието на проповедта да ги спаси оние што веруваат. Зашто Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост, ние, пак, Го проповедаме Христос распнатиот, Кој е за Јудејците соблазна, а за незнабошците безумие; за повиканите, пак, како Јудејци, така и Елини, Христос Божја сила и Божја мудрост. Зашто Божјото безумие е помудро од луѓето, и Божјата слабост е посилна од луѓето. Гледате, браќа, какви сте вие, по­ви­каните: не мнозина сте мудри по тело, не мнозина силни, не мнозина благородни; но Бог го избра она што е безумно за овој свет за да ги посрами мудрите; Бог го избра она што е слабо во светот за да ги посрами силните; Бог ги избра и неугледните и през­рените на овој свет, и оние што не зна­чат ништо, за да ги уништи оние што значат нешто, та никој да не се пофали пред Бога. Од Него сте и вие во Исус Христос, Кој за нас стана мудрост од Бога, и пра­ведност, и осветување, и откуп, па да биде, како што е напишано: „Кој се фали, во Господ нека се фали.“

Зашто словото за крстот е безумие за оние што пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја. Зашто е напишано: „Ќе ја уништам мудроста на мудрите и ќе ја отфрлам разумноста на разумните.“ Каде е мудрецот? Каде е книж­ни­кот? Каде е препирачот од овој век? Не ја претвори ли Бог мудроста на овој свет во лудост? Зашто светот при мудроста Божја не Го позна Бога со мудрост; Бог благоволи со безумието на проповедта да ги спаси оние што веруваат. Зашто Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост, ние, пак, Го проповедаме Христос распнатиот, Кој е за Јудејците соблазна, а за незнабошците безумие; за повиканите, пак, како Јудејци, така и Елини, Христос Божја сила и Божја мудрост. Зашто Божјото безумие е помудро од луѓето, и Божјата слабост е посилна од луѓето. Гледате, браќа, какви сте вие, по­ви­каните: не мнозина сте мудри по тело, не мнозина силни, не мнозина благородни; но Бог го избра она што е безумно за овој свет за да ги посрами мудрите; Бог го избра она што е слабо во светот за да ги посрами силните; Бог ги избра и неугледните и през­рените на овој свет, и оние што не зна­чат ништо, за да ги уништи оние што значат нешто, та никој да не се пофали пред Бога. Од Него сте и вие во Исус Христос, Кој за нас стана мудрост од Бога, и пра­ведност, и осветување, и откуп, па да биде, како што е напишано: „Кој се фали, во Господ нека се фали.“

1 Коринтјаните 1:18-31

1 Corinthians 1:18-31