1 Corinthians 1:10-18

Браќа, ве молам во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате исто, и меѓу вас да нема раздори, туку да бидете совршено соединети во еден ум и во исто мислење. Зашто од домашните на Хлој чув за вас, браќа мои, дека меѓу вас имало кавги. Сакам да ви кажам дека секој од вас вели: „Јас сум Павлов“, „А јас сум Аполосов“, „Јас сум на Кифа“, „Јас, пак, Христов.“ Па зар Христос е разделен? Зарем Павле беше распнат за вас? Или пак во името Павлово бевте крстени? Му благодарам на Бога што од вас никого не сум крстил, освен Крисп и Гај, та никој да не може да рече дека сте биле крстени во мое име. Навистина, го крстив уште и Стефаниновиот дом. Инаку не знам дали сум крстил и некој друг. Зашто Христос не ме прати да крштавам, туку да го проповедам Евангелието, и тоа не со премудри зборови, за да не изгуби од силата крстот Христов. Зашто словото за крстот е безумие за оние што пропаѓаат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја.
1 Коринтјаните 1:10-18