1 Chronicles 16:23-31

Пеј Му на Господ, цела земјо, навестувајте го од ден во ден спасението од Него. Разгласувајте ја меѓу незнабошците славата Негова, и меѓу сите луѓе чудесата Негови, зашто Господ е голем и достоен за слава, пострашен од сите богови. Зашто сите богови на народите се ништо, а Господ ги создаде небесата. Слава и величие пред лицето Негово, сила и радост во Неговото Свето место. Воздајте Му на Господ, племиња народни, воздајте Му на Господ слава и чест! Воздајте Му ја на Господ славата на името Негово. Принесете дар, дојдете пред лицето Негово, поклонете Му се на Господ во сјајот на светлината Негова. Трепери пред Него, цела земјо, зашто Тој ја основа вселената, и таа нема да се разниша. Нека се веселат небесата, да ликува земјата, и нека се вели меѓу народите: ‚Господ царува!‘
1 Летописи 16:23-31