Резултати од пребарувањето за: james 1:27
1 Самоилова 27:1 (MK2006)
И Давид рече во срцето свое: „Ќе паднам некогаш во рацете на Саул; за мене ништо подобро, освен да избегам во филистејската земја; и Саул ќе престане да ме бара веќе по сите израелски предели, и јас ќе се спасам од рацете негови.“
1 Самоилова 27:2 (MK2006)
Тогаш Давид стана и отиде, тој и шестотини мажи, кои беа со него, кај гатскиот цар Анхус, син Моанов.
1 Самоилова 27:3 (MK2006)
И Давид живееше кај Анхус во Гет, тој и луѓето негови, секој со челадта своја; Давид и двете жени негови – јизреелката Ахиноам и кармелитката Авигеја, поранешната Навалова жена.
1 Самоилова 27:4 (MK2006)
Му јавија на Саул дека Давид избегал во Гет, и тој веќе не го бараше.
1 Самоилова 27:5 (MK2006)
И Давид му рече на Анхус: „Ако сум се здобил со милост во очите твои, нека ми биде дадено место во еден мал град, и јас ќе живеам таму; зошто твојот роб да живее во царскиот град заедно со тебе?“
1 Самоилова 27:6 (MK2006)
Тогаш Анхус му го даде градот Циклаг; затоа Циклаг и остана за царевите јудејски до денес.
1 Самоилова 27:7 (MK2006)
Сето време што Давид го помина во филистејската земја, беше година и четири месеци.
1 Самоилова 27:8 (MK2006)
И Давид излегуваше со луѓето свои и ги напаѓаше Гесуријците, и Гезерците и Амаликијците, кои одамна ја населуваа таа земја до Сур и сѐ до египетската земја.
1 Самоилова 27:9 (MK2006)
И Давид ја опустошуваше таа земја и не оставаше живи ни мажи, ни жени, и заграбуваше овци и волови, и магариња и камили и облека и се враќаше и доаѓаше кај Анхус.
1 Самоилова 27:10 (MK2006)
И Анхус го праша Давид: „Каде нападнавте денес?“ Давид одговори: „Кон јужната страна на Јудеја, кон југ на Јерахмеел и кон јужната страна на кениската територија.“
1 Самоилова 27:11 (MK2006)
Давид не оставаше живи ни мажи, ни жени, и не ги доведуваше во Гет, велејќи: „Тие можат да нѐ наклеветат, и да кажат: тоа и тоа го направи Давид, и такви му се постапките за сето време, додека живееше во филистејската земја.“
1 Самоилова 27:12 (MK2006)
А Анхус имаше целосна доверба во Давид, велејќи си: „Тој стана омразен кај народот свој Израел и затоа ќе ми биде слуга засекогаш.“
1 Летописи 27:1 (MK2006)
Еве ги синовите Израелови според нивниот број, началници на родовите, илјадници, стотници и чиновници, кои по одделенија му служеа на царот во сите работи, доаѓајќи и заминувајќи секој месец, во текот на сите месеци во годината. Во секое одделение тие беа по дваесет и четири илјади.
1 Летописи 27:2 (MK2006)
Над првото одделение, за првиот месец, началник беше Јашовам, син Завдиелов; во одделението негово имаше дваесет и четири илјади;
1 Летописи 27:3 (MK2006)
тој беше од потомците на Фарес и началник над сите воени началници во првиот месец.
1 Летописи 27:4 (MK2006)
Над одделенето за вториот месец беше Додај, Ахохиецот; во одделението негово беше и началникот Миклот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
1 Летописи 27:5 (MK2006)
Третиот главен воен началник, за третиот месец, беше Ванеја, син на свештеникот Јодај; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади;
1 Летописи 27:6 (MK2006)
тој, Ванеја, беше еден од триесетте јунаци и нивни началник, и во неговото одделение се наоѓаше неговиот син Амизавад.
1 Летописи 27:7 (MK2006)
Четвртиот, за четвртиот месец, беше Асаил, Јоавов брат, и по него синот негов Зевадија; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
1 Летописи 27:8 (MK2006)
Петтиот, за петтиот месец, беше началникот Шамхут, син на Израх; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
1 Летописи 27:9 (MK2006)
Шести, за шестиот месец, беше Ира, син на Икеш, Текоецот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
1 Летописи 27:10 (MK2006)
Седми за седмиот месец, беше пелонјанецот Хелец, од Ефремовите синови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
1 Летописи 27:11 (MK2006)
Осми, за осмиот месец, беше Сивхај, хушанчанецот од родот на Зерах; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
1 Летописи 27:12 (MK2006)
Деветти, за деветтиот месец, беше Авиезер, од Анатот, од синовите Венијаминови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
1 Летописи 27:13 (MK2006)
Десетти, за десеттиот месец, беше Махарај, Нетофатец, од родот на Зерах; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.