Резултати од пребарувањето за: exodus 15:1
1 Самоилова 15:1 (MK2006)
Потоа Самоил му рече на Саул: „Господ ме испрати да те помазам за цар над Неговиот народ, над Израел; а сега чуј го гласот Господов.
1 Самоилова 15:10 (MK2006)
И дојде слово од Господ кон Самоил:
1 Самоилова 15:11 (MK2006)
„Жалам што го поставив Саул за цар, бидејќи тој се одврати од Мене и не го исполни зборот Мој.“ Се натажи Самоил многу, Го повикуваше Господа цела ноќ.
1 Самоилова 15:12 (MK2006)
А изутрината рано Самоил стана и отиде да го пресретне Саул. И му јавија на Самоил дека Саул отишол на Кармил и таму си подигнал споменик, но оттаму се вратил со колата и слегол во Гилгал.
1 Самоилова 15:13 (MK2006)
Кога Самоил дојде кај Саул, Саул му рече: „Благословен да си од Господ! Јас го исполнив зборот Господов.“
1 Самоилова 15:14 (MK2006)
Но Самоил рече: „А какво е ова блеење на овци во ушите мои и мукање на волови што го слушам?“
1 Самоилова 15:15 (MK2006)
Саул одговори: „Ги дотераа од Амалик, зашто народот ги поштеди најдобрите овци и волови за принесување жртви на Господ, твојот Бог; а другото го истребивме.“
1 Самоилова 15:16 (MK2006)
Самоил му рече на Саул: „Почекај да ти јавам што ми кажа Господ ноќеска.“ А Саул му рече: „Кажувај.“
1 Самоилова 15:17 (MK2006)
Тогаш Самоил му рече на Саул: „Зарем не беше ти мал пред Него и зар не те постави глава над Израеловите племиња, и Господ те помаза за цар над Израел?
1 Самоилова 15:18 (MK2006)
И Господ те испрати на пат и рече: ‚Оди и нападни ги Амаликијците и војувај против нив, сѐ додека ги истребиш.‘
1 Самоилова 15:19 (MK2006)
Зошто тогаш ти не го послуша гласот Господов, а се втурна по грабеж и направи зло пред очите на Господ?“
1 Царевите 15:1 (MK2006)
На осумнаесеттата година од царувањето на Наватовиот син Јеровоам, над Јудејците стана цар Авијам.
1 Царевите 15:10 (MK2006)
и царуваше во Ерусалим четириесет и една година; името на баба му беше Мааха, Авесаломова ќерка.
1 Царевите 15:11 (MK2006)
Аса го правеше она што беше угодно пред очите на Господ, како неговиот прадедо Давид.
1 Царевите 15:12 (MK2006)
Тој ги изгони блудниците од земјата и ги отфрли сите идоли што ги беа направиле татковците негови,
1 Царевите 15:13 (MK2006)
и дури и на баба си Мааха ѝ ја одзеде власта, поради тоа што беше направила идол на Ашера; и го скрши Аса и нејзиниот идол и го изгоре кај потокот Кедрон.
1 Царевите 15:14 (MK2006)
Идолските светилишта, навистина, не беа урнати. Но срцето на Аса му беше предадено на Господ во сите негови денови.
1 Царевите 15:15 (MK2006)
И тој ги внесе во домот на Господ предметите, посветени на неговиот татко, и предметите посветени од него: сребро, злато и садови.
1 Царевите 15:16 (MK2006)
Меѓу Аса и израелскиот цар Баша имаше војна во текот на целиот нивен век.
1 Царевите 15:17 (MK2006)
Израелскиот цар Баша излезе против Јудеја и почна да ја гради Рама, за да не може никој да излегува, ниту да оди кај јудејскиот цар Аса.
1 Царевите 15:18 (MK2006)
Тогаш Аса го зеде сето сребро и злато што беше останало во ризницата на домот Господов и во ризницата на царскиот дом, и го даде во рацете на слугите свои; и царот Аса ги испрати кај Венадад, синот на Тавримон, син Хезионов, цар арамејски, кој живееше во Дамаск, велејќи:
1 Царевите 15:19 (MK2006)
„Нека има сојуз меѓу мене и тебе, како што имаше меѓу мојот татко и твојот татко; ете, ти испраќам на дар сребро и злато; раскини го сојузот свој со израелскиот цар Баша, та да се оттргне од мене.“
1 Летописи 15:1 (MK2006)
Тогаш си изгради тој палата во Давидовиот град, подготви место за ковчегот Божји и направи скинија за него.
1 Летописи 15:10 (MK2006)
од синовите Узиилови, началникот Аминадав и браќата негови – сто и дванаесет.
1 Летописи 15:11 (MK2006)
И ги повика Давид свештениците: Садок и Авијатар, и левитите: Уриил, Асаја, Јоил, Шемаја, Елиил и Аминадав,