Резултати од пребарувањето за: Rev. 22:8-9
Откровение 22:1 (MK2006)
И ми покажа чиста река со вода на животот, бистра како кристал, која истечуваше од престолот на Бога и на Јагнето.
Откровение 22:2 (MK2006)
Сред главната улица и од двете страни на реката – дрвото на животот, што раѓа плодови дванаесет пати, давајќи плод секој месец; а лисјата на дрвото служат за исцелување на народите.
Откровение 22:3 (MK2006)
И нема веќе да има никакво проклетство; престолот на Бога и на Јагнето ќе биде во градот; Неговите слуги ќе Му служат
Откровение 22:4 (MK2006)
и ќе го гледаат лицето Негово, а името Негово ќе им биде на челата нивни.
Откровение 22:5 (MK2006)
И ноќ нема да има таму, и не ќе има потреба од светило, ниту од сончева светлина, бидејќи Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе царува во вечни векови.
Откровение 22:6 (MK2006)
И ми рече: „Овие зборови се верни и вистинити. Господ, Бог на светите пророци, го испрати ангелот Свој, за да им покаже на Своите слуги што ќе стане наскоро.
Откровение 22:7 (MK2006)
‚Еве, доаѓам скоро; блажен е оној кој ги пази пророчките зборови на оваа книга!‘“
Откровение 22:8 (MK2006)
И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова.
Откровение 22:9 (MK2006)
Но тој ми рече: „Стој, немој, зашто и јас сум слуга како ти, и браќата твои – пророци и оние што ги држат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!“
Откровение 22:10 (MK2006)
И ми рече: „Не запечатувај ги пророчките зборови на оваа книга, бидејќи времето е блиску!
Откровение 22:11 (MK2006)
Кој чини неправда, нека чини неправда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште.
Откровение 22:12 (MK2006)
И еве, ќе дојдам скоро, и платата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови.
Откровение 22:13 (MK2006)
Јас сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Крајот!
Откровение 22:14 (MK2006)
Блажени се оние што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите.
Откровение 22:15 (MK2006)
А надвор се кучињата, вражачите, блудниците, убијците, идолопоклониците и секој што сака да лаже и лаже.
Откровение 22:16 (MK2006)
Јас, Исус, го испратив Својот ангел да ви го посведочи ова по црквите. Јас сум корен и род Давидов, сјајната ѕвезда Деница.“
Откровение 22:17 (MK2006)
И Духот и невестата велат: „Дојди!“ И кој ќе чуе, нека каже: „Дојди!“ И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум.
Откровение 22:18 (MK2006)
И Јас му сведочам на секого кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој нешто додаде кон нив, нему Бог ќе му наметне казни опишани во оваа книга.
Откровение 22:19 (MK2006)
Ако некој одземе од пророчките зборови на оваа книга, Бог ќе му го одземе делот од книгата на животот, и од светиот град, и од она што е напишано во оваа книга.
Откровение 22:20 (MK2006)
Зборува оној што го сведочи ова: „Да, ќе дојдам скоро!“ – Амин! „Да, дојди, Господи Исусе!“
Откровение 22:21 (MK2006)
Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!
Откровение 2:22 (MK2006)
Ете, неа ја фрлам на постела, и оние што блудствуваа со неа, во маки големи – ако не се покаат за делата свои.
Откровение 3:22 (MK2006)
Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите.
Откровение 18:22 (MK2006)
И глас на харфисти, пејачи, свирачи и трубачи во тебе нема веќе да се чуе; никаков уметник од која и да е уметност нема веќе да се најде во тебе, шум од воденичен камен нема веќе да се чуе во тебе.
Откровение 21:22 (MK2006)
Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бог Седржителот и Јагнето се неговиот храм.