Резултати од пребарувањето за: John 15:5
Јован 15:5 (MK2006)
Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо.
Создавање 15:5 (MK2006)
Па го изведе надвор и му рече: „Погледни на небото и изброј ги ѕвездите, ако можеш да ги изброиш.“ И му рече: „Толкаво ќе биде потомството твое.“
Излез 15:5 (MK2006)
Бездните ги покрија; тие потонаа во длабочините, како камења.
Левитска 15:5 (MK2006)
И кој ќе се допре до неговата постела, да ја испере облеката своја и да го измие телото свое со вода и ќе биде нечист до вечерта.
Броеви 15:5 (MK2006)
и вино за прелив принесувај по четврт ин за сепаленица, како и за друга жртва, ако таа жртва е едно јагне.
Судии 15:5 (MK2006)
ги запали факлите, и ги пушти лисиците во посевите филистејски, та ги изгоре крстиците од снопје и неожнеаното жито, и лозјата и маслиновите градини.
Јов 15:5 (MK2006)
Твоите зборови вината Твоја ја покажуваат, се служиш со јазикот на лукавите.
Псалми 15:5 (MK2006)
кој не дава пари на заем за лихва и не прима поткуп против невин. Кој така постапува, нема никогаш да се поколеба.
Изреки 15:5 (MK2006)
Безумниот се подбива со татковата поука; а кој слуша прекор, разумен е.
Исаија 15:5 (MK2006)
Плаче моето срце за Моав; бегаат од него кон Сигор, до Еглат-Шелишија; се искачуваат со плачење на Лухит; по хоронаимскиот пат креваат страшен вик;
Еремија 15:5 (MK2006)
Зашто, кој ќе те пожали, Ерусалиме, кој ќе ти изјави сочувство, и кој ќе наврати до тебе, за да те праша добро ли ти е?
Езекиел 15:5 (MK2006)
И кога би било цело, не станува збор за некаква изработка; а уште помалку, кога огнот ќе го подгори и го обгори, па ќе биде ли тоа за некаква изработка?
Матеј 15:5 (MK2006)
А вие велите: ‚Ако некој му рече на татка си или на мајка си: она, со што би можел да се ползуваш од мене, е ветено за Господ‘,
Марко 15:5 (MK2006)
Но Исус ништо веќе не одговори, така што Пилат се чудеше.
Лука 15:5 (MK2006)
А откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен;
Дела 15:5 (MK2006)
Тогаш станаа некои од приврзаниците на фарисеите, што беа поверувале, и зборуваа дека тие треба да се обрезуваат, и да им се заповеда да го пазат Законот Мојсеев.
Римјаните 15:5 (MK2006)
А и Бог на трпението и утехата да ви даде да бидете во едномислие меѓу себе, според примерот на Христос Исус,
Откровение 15:5 (MK2006)
Потоа видов: ете, на небото се отвори храмот на скинијата на собранието.
Повторени закони 15:5 (MK2006)
Доволно е само да го слушаш гласот на Господ, твојот Бог, и да ги пазиш и да ги исполнуваш сите овие заповеди, кои денес ти ги заповедам;
Исус Навин 15:5 (MK2006)
Граница на исток беше Соленото Море до устието на Јордан; а границата на север почнува од Соленото Море од крајот на Јордан;
1 Самоилова 15:5 (MK2006)
И дојде Саул до градот на Амаликијците и постави заседа во долината.
2 Самоилова 15:5 (MK2006)
И кога некој ќе се доближеше да му се поклони, тој ја протегаше раката и го прегрнуваше и го бакнуваше.
1 Царевите 15:5 (MK2006)
зашто Давид го правеше она што беше право пред очите на Господ, и во сите дни на животот свој во ништо не отстапуваше од она што Тој му беше заповедал, освен постапката со Хитиецот Урија.
2 Царевите 15:5 (MK2006)
Господ го порази царот, и тој беше болен од лепра до денот на својата смрт и живееше во посебен дом. А царевиот син Јотам беше управник над царскиот дворец и му судеше на народот во земјата.
1 Летописи 15:5 (MK2006)
од синовите Каатови, началникот Уриил и браќата негови – сто и дваесет души;