Резултати од пребарувањето за: Job 4
Јов 4:1 (MK2006)
Одговори Елифаз од Теман и рече:
Јов 4:2 (MK2006)
„Ако се обидеме да ти проговориме, нема ли да ти биде тешко? Но кој може да ги сопре своите зборови!
Јов 4:3 (MK2006)
Ете, ти мнозина си советувал и си поткрепувал изнемоштени раце,
Јов 4:4 (MK2006)
твоите зборови го исправале оној што паѓал, си поткрепувал раслабени колена.
Јов 4:5 (MK2006)
А сега злото дојде до тебе, и ти изнемоште; допре до тебе, и ти падна со духот.
Јов 4:6 (MK2006)
Твојата богобојазливост не треба ли да биде твоја надеж, и непорочноста на твоите патишта – твоја поткрепа?
Јов 4:7 (MK2006)
Спомни си, загинал ли некој невин, и каде праведните биле искоренувани?
Јов 4:8 (MK2006)
како што сум гледал: оние што ораат нечесност и сеат зло, тоа и го жнеат;
Јов 4:9 (MK2006)
од здивот Божји загинуваат и од духот на гневот Негов исчезнуваат.
Јов 4:10 (MK2006)
Рикањето на лавот, гласот на тигарот и забите на лавчињата се кршат;
Јов 4:11 (MK2006)
силниот лав загинува кога нема плен, лавчињата на лавицата се распрснуваат.
Јов 4:12 (MK2006)
И, ете, до мене скришно долета збор, и увото мое долови нешто од него.
Јов 4:13 (MK2006)
Среде размислувањата за ноќните виденија, кога сонот ги обзема луѓето,
Јов 4:14 (MK2006)
мене ме зафати страв и трепет и ги растресе сите мои коски.
Јов 4:15 (MK2006)
И дух помина над мене; косата ми се крена.
Јов 4:16 (MK2006)
Тој застана, – но јас не го видов лицето негово, – само облак беше пред очите мои; тивко веење, и чув глас:
Јов 4:17 (MK2006)
‚Зар човекот може да биде поправеден од Бога? И може ли тој да биде почист од својот Создател?‘
Јов 4:18 (MK2006)
Ете, Тој и на слугите Свои не им верува и во ангелите Свои наоѓа недостатоци:
Јов 4:19 (MK2006)
дотолку повеќе кај оние, кои живеат во земјени куќи, чии основи се од прав и кои пропаѓаат и од молец.
Јов 4:20 (MK2006)
Меѓу утрото и вечерта тие се растураат; нема ни да забележиш како исчезнале наполно.
Јов 4:21 (MK2006)
Јажето што ги крепеше е скинато. Тие умираат без да станат мудри.“
Јов 1:4 (MK2006)
Синовите негови се собираа и приредуваа гозби секој во домот свој, на својот ден, а ги покануваа и трите свои сестри да јадат и да пијат со нив.
Јов 2:4 (MK2006)
Му одговори ѓаволот на Господ и Му рече: „Кожа за кожа, а за животот свој човек ќе даде сѐ што има;
Јов 3:4 (MK2006)
Тој ден нека биде темнина; да не го побара Бог одозгора и да не изгрее над него светлина!
Јов 5:4 (MK2006)
Децата негови се далеку од спасение, нив ќе ги бијат кај портите; зашто ќе нема кој да ги заштити.