Захарија 8:3-8
Захарија 8:3-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Така вели Господ: „Ќе се вратам во Сион и ќе живеам во Ерусалим, и Ерусалим ќе се вика град на верноста, и гората на Господ Саваот ќе се вика – Света Гора.“ Така вели Господ Саваот – „И пак старци и старици ќе седат по улиците на Ерусалим, секој со стапчето свое поради големата старост своја. А и улиците на тој град ќе се исполнат со момчиња и девојки, кои ќе си играат по улиците негови.“ Вака вели Господ Саваот: „Ако во очите на другите им биде чудно во тие дни, зар ќе биде тоа чудно и во очите Мои?“ – вели Господ Саваот. Вака вели Господ Саваот: „Ете, Јас ќе го спасам Својот народ од источната земја и од западната; ќе ги доведам, и тие ќе живеат во Ерусалим и ќе бидат Мој народ, и Јас ќе им бидам нивни Бог, во верност и во правда.“
Захарија 8:3-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господ над Војските зборува вака: ‘Ерусалим ќе се вика Град на вистина и Гората на Господа над Војските, Гора на светост.’ Господ над Војските зборува вака: ‘Старците и старичките пак ќе седнат по ерусалимските раскрсници, секој со стап во раката заради преголемата старост. А градските улици ќе се исполнат со момчиња и девојчиња, кои ќе играат по неговите улици.’ Господ над Воинствата зборува вака: ‘Ако тоа биде чудо во очите на Остатокот во тие денови, зар ќе биде тоа чудо и во Моите очи - говори Господ над Војските. Господ над Војските зборува вака: ‘Еве ќе го спасам Мојот народ од Источната Земја и од земјата на сончевиот запад. Јас ќе ги доведам за да се населат сред Ерусалим и ќе Ми бидат народ, а Јас ќе им бидам Бог во вистина и во правда.’